
Принципите на десничарските партии за зајакнубање на безбедноста на Европа преку построги контроли на границите сè повеќе ја дефинираат миграциската политика на Европската Унија, додека полибералниот пристап на Шпанија станаува исклучок.
Кризата во Сеута од пред десетина дена кога околу 60.000 мигранти се пробија од Мароко во шпанската енклава на северноафриканскиот брег, дополнително го забрза овој пресврт во европската миграциска политика.
При упадот на мигрантите во Сеута загинаа околу сто лица, а настаните предизвикаа дипломатски тензии меѓу Шпанија и Италија. Рим повторно воведе привремени контроли за патниците што пристигнуваат од Шпанија со авиони или бродови. Германија, Данска, Шведска и Финска, исто така, повикаа на воспоставување построги контроли на надворешните граници на ЕУ и предупредија дека би можеле да воведат проверки и на границите во рамките на Шенген зоната.
Италија и Данска имицираа отворено писмо, што го потпиша 22 земји членки на ЕУ, со кое се повикува на преиспитување на политиките што би можеле да го поттикнат пристигнувањето на мигрантите, меѓу кои особено ги издвојуваат масовните легализации на нерегуларните мигранти. Покрај Шпанија, писмото не го потпишаа само уште Ирска, Португалија, Франција и Луксембург.
Шпанскиот премиер Педро Санчез веќе беше критикуван за неговиот план за легализирање на престојот на околу половина милион мигранти, со Шпанија остана една од ретките земји што отворено го брани попрогресивниот пристап.

Но, по настаните во Сеута и Санчез прибегна кон многу поостра реторика. „Шпанската влада ќе ги искористи сите лостови и ресурси на државата за да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Сеута“, рече Санчез, нарекувајќи го масовното преминување на границата „кршење на територијалниот интегритет на Шпанија“.
Левицата сè повеќе зазема десничарски ставови кон миграцијата
Острата антимигрантска реторика не е ограничена само на политичката десница. Така, данската социјалдемократска премиерка Мете Фредериксен тесно соработува со италијанската десничарска колешка Џорџа Мелони за миграциската политика, а поостра реторика сè повеќе користат и други политичари од левиот центар.
Кјара Катели, од организација за заштита на правата на илегалните мигранти, предупредува дека се почестото третирање на миграцијата првенствено како безбедносно прашање е видлива и кај десницата и кај левицата.
„Кога миграцијата се третира исклучиво како безбедносно прашање со сè порепресивни мерки, резултатот е социјална исклученост и маргинализација“, рече таа.

ЕУ го отвора патот за мигрантски „центри за враќање“
Новите заложби веќе се преточени во европските регулативи. Пакетот усвоен во јуни предвидува построги гранични контроли, ограничувања на движењето на мигрантите и можност за отворање „центри за враќање“ во трети земји.
Таквиот модел најгласно го застапува Италија, која има договор со Албанија за отворање на центри за прифаќање на мигранти додека трае обработка на нивните барања за азил. Идејата за „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ е поддржана и од Холандија и Данска, додека засега на ваквите планови се спротивставуваат Санчез и францускиот претседател Емануел Макрон.
На последниот самит на ЕУ, 19 шефови на држави потпишаа декларација со која се повикува на целосна имплементација на новите правила за миграција. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по кризата во Сеута порала дека ЕУ мора дополнително да ги зајакне своите граници, вклучувајќи физички бариери каде што е потребно.




