дома Македонија Економија 1 септември – денот Д за превозниците, или решение или протести

1 септември – денот Д за превозниците, или решение или протести

1 септември ќе биде денот од којшто ќе зависат идните чекори на превозниците од Западен Балкан. Тогаш е закажан состанок во Брисел на кој превозниците се надеваат дека ќе се изнајде решение за нивниот проблем, во спротивно најавуваат повторно протести кои ќе бидат порадикални отколку претходно.

По средбата во Скопје, тие изјавија дека не сакаат да протестираат, но ако бидат приморени, ќе го сторат тоа.

– Одлуките за протести генерално се донесени во нашите земји и на ниво на управни одбори, но како превозници не сакаме да протестираме бидејќи тоа се одразува на целото општество, но ако бидеме принудени, ќе мора да излеземе. Искрено се надеваме и посакуваме тоа да не се случи, изјави Неџо Мандиќ од Србија.

Превозниците бараат доследна примена на правилото 90 дена престој во 180 дена и прецизен рок кога нивниот проблем ќе биде решен.

– Значи, ги бараме своите 90 полни денови. Ако останат на тоа денот на влез да се пресметува како прв ден, а денот на излез како втор ден, тогаш сме во сериозен проблем и тогаш проблемот нема да биде решен бидјеќи ние не сме обични граѓани кои одат туристички во државите од Шенген зоната, туку сме професионалнци кои секојдневно, зависно од должината ан турата, работиме, изјави Мандиќ.

Проблемот со престојот во државите од Шенген зоната засега околу 17.000 професионални возачи во земјава и околу 100.000 на ниво на Западен Балкан.

– Возачите тргнуваат на пат и знаат дека го немаат потрошено времето, но кога ќе дојдат таму, еден ќе им каже едно, друг друго, еден ќе ги пушти, друг нема… Тргуваат како да се на пазар, а во суштина возачот знае дека не направил прекршок, вели Мандиќ.

Доколку бидат приморени да протестираат, како што денеска изјавија, протестите нема да прекинат како минатиот пат, туку ќе  траат се до решавање на проблемот.

ПредходнаЕЕС системот на ЕУ резултираа со двојно подолго чекање на аеродромите
СледнаСрпската „Алта Група“ го презеде и битолски ЗОИЛ