дома Македонија ПЕТ скенерот надвор од функција, здравство тврди проблемот бил технички

ПЕТ скенерот надвор од функција, здравство тврди проблемот бил технички

ПЕТ скенерот, кој е единствен во земјава, не работи, а причината за тоа, според тврдењето на Министерството за здравство, е технички проблем со производството на радиоизотопи.
Оттаму велат дека овластениот сервисер работи на отстранување на дефектот и дека се преземаат сите неопходни чекори повторно да биде ставен во функција во најкраток рок.
Причината за застојот ја гледаат во долгогодишното занемарување во изминатите години.
Проблемот го обелодени „Левица“ која денеска преку соопштение информираше дека ПЕН скенот со месеци е надвор од функција и дека пациенти биле враќани повеќепати, а дел од нив биле принудени да плаќаат приватнно или во странство за што издвојувале околу 1.300 евра.

– Практично, ДПМНЕ без трошка совест и чувство за одговорност, им остави на онколошките пациенти суров избор да губат драгоцено време чекајќи расипан државен ПЕТ/КТ, или да најдат 1.300 евра за дијагностика што здравствениот систем требало да им ја обезбеди. Клековски и надлежните мора да одговараат за секое занемарување што ја претворило виталната дијагностика во луксуз и го ставило лекувањето на најтешко болните во заложништво на вмровската негрижа!, велат од Левица.

 

ПредходнаТужбите против социјалните мрежи за предизвикување зависност може да продолжат, реши Суд од Сан Франциско
СледнаСириски суд го осуди Башар ел-Асад на смрт