дома Свет Тужбите против социјалните мрежи за предизвикување зависност може да продолжат, реши Суд...

Тужбите против социјалните мрежи за предизвикување зависност може да продолжат, реши Суд од Сан Франциско

Апелациски суд во САД пресуди дека можат да продолжат тужбите против Мета, Гугл, ТикТок и останатите социјални мрежи врз основа на тврдењата дека нивните платформи се дизајнирани да предизвикаат зависност кај младите корисници.

Апелацискиот суд на Деветтиот округ во Сан Франциско го отфрли барањето на технолошките компании, оценувајќи дека ваквите жалби обично се разгледуваат откако ќе се донесе конечна пресуда, а не за време на самата постапка.

Со ова е потврдена одлуката на понизок суд и се озвоможува процесуирање на над 3.000 тужби против социјалните мрежи.

Тужбите се поднесени од голем број американски училишни одбори, локални самоуправи, американски сојузни држави и приватни лица. Тие тврдат дека платформите се намерно дизајнирани да предизвикаат зависност кај младите, што довело до „зголемување на анксиозноста, депресијата и проблемите со перцепција на сопственото тело“.

Технолошките компании во оспорување на тужбите се повикаа на член 230 од Законот за пристојност во комуникациите од 1996 година, тврдејќи дека овој закон ги штити од одговорност бидејќи не ги предупредиле корисниците за ризикот од зависност. Член 230 инаку ги штити дигиталните платформи од одговорност за содржина објавена од нивните корисници.

Во жалбата на компаниите се инсистираше дека членот 230 дава широк имунитет што треба да ги запре самите судски постапки.

Сепак, Апелацискиот суд не се согласи со ова, оценувајќи дека Законот штити од одговорност, но не и нуди и целосна заштита од тужби.

Социјалните мрежи веќе долго време се изложени на критики дека не прават доволно за да ги ограничат штетните содржини и дека нивниот дизајн е така креиран за да предизвикува завосност. Проблемот е особено акутен со оглед на големиот број млади корисници на цозјалните мрежи и нивните проблеми со менталното здравје.

Во сржта на проблемот се функциите што стимулираат лачење допамин, како што се бесконечно скролање, автоматското репродуцирање видеа и постојаните известувања. Подносителите на тужбите  истакнуваат дека ваквите функции предизвикуваат зголемување на нарушувањата во исхраната, телесната дисморфија, самоубиства, анксиозност и депресија кај тинејџерите.

ПредходнаВработени од МВР без здравствено осигурување, институциите си ја префрлаат топката
СледнаПЕТ скенерот надвор од функција, здравство тврди проблемот бил технички