дома Свет Сириски суд го осуди Башар ел-Асад на смрт

Сириски суд го осуди Башар ел-Асад на смрт

Суд во Сирија денеска го осуди поранешниот сириски претседател Башар ел-Асад на смрт, прогласувајќи го за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на граѓанската војна во земјата

На истиот судски процес, на смрт беше осуден и братучедот на Асад, Атеф Наџиб, кој беше прогласен за одговорен за репресии во јужната покраина Дара, што им претходеа на бунтот и граѓанска војна во Сирија.

И додека Асад беше осуден во отсуство, Наџиб, кој е поранешен бригаден генерал на сириската армија и раководел на Одделот за политичка безбедност во покраината Дара, ја слушна пресудата во судницата и облечен во затворска облека.

Наџиб еден од највисоките функционери на поранешниот сириски режимот на кои им се судеа новите власти.

Асад и неговиот брат Махер побегаа во Русија откако бунтовниците навлегоа во Дамаск во декември 2024 година.

 

ПредходнаПЕТ скенерот надвор од функција, здравство тврди проблемот бил технички
СледнаКриптовалутите и донесоа 238 милиони долари загуба на „Трамп Медија“