
Германско здружение за дигитални права соопшти дека поднело кривична пријава против Мета и компаниите што ги продаватотоат нејзините паметни очила во Германија.
Во тужбата се тврди дека ваквите уреди, особено „Реј-Бан Мета Бајфарер“, ги кршат германските закони за дигитална приватност.
Тужбата е покрената против Мета, сопственикот на Реј-Бан, ЕсилорЛуксотика, како и трговците на мало Филман, Аполо-Оптик, Мистер Спекс и МедијаМаркт.
„Не можете да избегате од паметните очила. Во секој момент мора да сметате дека некој може да ве снима и да ја објави снимката на интернет“, изјави директорката на Здружениет, Јозефине Балон.
Тужба се базира на германскиот Закон за заштита на дигитални податоци, кој забранува продажба на комуникациски уреди дизајнирани за тајно снимање на луѓе.
Компанијата Мистер Спекс соопшти дека многу сериозно ја сфаќа приватноста, но дека сè уште не е официјално известен за жалбата.
Германскиот регулатор за дигитални комуникации, Федералната агенција за мрежи, кон крајот на 2023 година објави дека поврзаните уреди за тајно аудио или видео снимање ќе бидат забранети.
Во однос на тужбата, Агенцијата соопшти дека внимателно го следи пазарот на паметни очила, но во моментов не спроведува формална истрага.
„Поседувањето, увозот или продажбата на паметни очила не е забрането сè додека функцијата за снимање е јасно видлива, на пример преку светлосен сигнал“, објасни Агенцијата.
Германско здружение за дигитални права во соопштението нагласи дека забележува зголемен број случаи на дигитално насилство извршено преку слики и видеа, главно насочено кон женита.
„Паметните очила сега овозможуваат исклучително незабележлива технологија за надзор да се маскира како секојдневен предмет“, посочува здружението.




