дома Живот Се живее подолго, но не и квалитетно

Се живее подолго, но не и квалитетно

Научните истражувања за тоа како вежбањето и исхраната влијаат врз здравјето постојано укажуваат на еден парадокс: подолгиот и добриот живот не се усогласени.

Во текот на изминатиот век, просечниот животен век во развиените земји се зголеми за повеќе од 20 години, достигнувајќи приближно 80 години за мажите и 84 за жените. Сепак бројот на години што можеме да очекуваме да ги живееме во добро здравје се намалува и сега изнесува околу 67 години.

Сп други зборови кажано – повеќето од нас се на добар пат да поминат речиси две децении, а понекогаш и подолго, живеејќи со хронични болессти, когнитивен пад или губење на мобилноста.

Кинезиологијата, наука за тоа како телото се движи, функционира и ги извршува своите задачи, во комбинација со превентивната медицина може да помогне луѓето да не одат прво на клиника, туку да бараат третман само кога ќе се развие болеста.

Тука спаѓаат редовното вежбање, квалитетниот сон, здравата исхрана, вистинските социјални врски, непушењето и умереното консумирање алкохол. Студија објавена во списанието BMJ Evidence-Based Medicine покажа дека здравиот начин на живот може да ги неутрализира негативните ефекти на гените што го скратуваат животниот век за повеќе од 60 проценти.

 

ПредходнаОпштина Охрид годишно зема 700.000 евра од кирии за плажите
СледнаАвокадото во текот на денот го менува полот