
Како што подоцна беше објавено, станува збор за Виктор Ќатиќ, претседател на Синдикатот на полицијата на Сараевскиот кантон, пишува Klix.ba.
Истрагата е во тек
Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон, Мерсиха Новалиќ, ја потврди информацијата за несреќата. Таа изјави дека три повредени лица се сместени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.
Дежурниот обвинител во Кантоналното обвинителство е известен за инцидентот и ќе спроведе истрага на лице место за да ги утврди точните околности на несреќата.




