дома Свет Балкан Третина од Грција е под предупредување за висок ризик од пожар

Третина од Грција е под предупредување за висок ризик од пожар

За регионот на Атика, во околината на Атина и за уште пет региони во југоисточниот, јужниот и централниот дел на Грција, денеска е прогласен многу висок ризик од појава на пожар, соопштија грчките власти.

Пожарникарите и волонтерите на цивилната заштита се во состојба на готовност, додека за рано откривање на пожари се ангажирани дронови, а се користат и термални камери, јавува ЕРТ.
Според картата за прогноза на ризици од пожари издадена од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита, денеска е прогласена многу висока опасност од пожари за Пелопонез, регионот на централна Грција, регионите на Северно Егејско и Јужно Егејско Море, како и за регионот на Источна Македонија и Тракија.
Надлежните апелираа до граѓаните да покажат одговорност и зголемена внимателност и да избегнуваат секакви дејствија кои можат да предизвикаат пожар.
На планината Химет, над Атина, широка мрежа од 16 термални камери ја следи областа 24 часа на ден, користејќи вештачка интелигенција за откривање чад или невообичаено високи температури.

ПредходнаИсчезнат маж од Скопје, последен пат виден во Ново Лисиче – го бара и полицијата
СледнаШумски пожар беснее во Германија, пожарникарите не можат да стигнат до него со возила