дома Магазин Бургас домаќин на Евросонгот 2027

Бургас домаќин на Евросонгот 2027

Изборот за песна на Евровизија во 2027 година ќе се одржи во Бургас, соопшти Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Според планот, полуфиналните вечери ќе се одржа во вторник 11 мај и во четврток 13 мај, а финалето во сабота на 15 мај.

Инаку, кандидат за домаќин на Евросонгот 2027 година, покрај Бургас, беше и бугарскиот главен град Софија.

Бугарија ќе биде домаќин на популарното музичко натпреварување по победата на пејачката Дара на овогодишниот Евросонг со песната „Бангаранга“. Ова беше прва победа на Бугарија, која првпат учествуваше на еден Евросонг во 2005 година.

Она што е интересно за нас е што следната по неколкугодишно отсуство и земјава ќе учествува на Изборот за песна на Евровизија.

Најавата за градот домаќин следи откако ЕБУ вчера објави нови правила за Евросонгот.

Според овие правила земјата победник може да биде прогласена за „несоодветна за домаќин следната година“ ако е вклучена во вооружен конфликт или во неа има геополитички тензии или други безбедносни прашања ја загрозат организацијата на настанот.

Организаторот зад евровизискиот натпревар може да спроведе независна анализа за безбедносната ситуација и доколку открие дека нема доволно гаранции за безбедно одржување на Евросонгот, ќе избере друг радиодифузер за да го организира натпреварувањето.

Новите правила доаѓаат по контроверзите околу учеството на Израел, но ќе важат и за Украина. Во 2023 година домаќин на Евросонгот беше Велика Британија наместо Украина, која победи во 2022 година.

ПредходнаОН: Јули 2026 најсмртоносен месец во Украина во последниве четири години