дома Свет Балкан Еди Рама: Украина греши во врска со Косово, но треба да останеме...

Еди Рама: Украина греши во врска со Косово, но треба да останеме на нејзина страна

Украина може да греши во врска со Косово, но нејзиното право на слобода останува неспорно, порача албанскиот премиер Еди Рама во објава на социјалните мрежи во врска со изјавата на украинскиот премиер Володимир Зеленски при посетата на Белград дека Киев нема да ја признае независноста на Косово.

Во објавата Рама напиша дека Зеленски е негов драг пријател и дека и покрај сите реакции од Тирана и Приштина по посетата на украинскиот претседател на Србија, тој треба да остане на страната на Украина.

„Мојот драг пријател Володимир Зеленски беше во Белград и рече дека Украина не го променила својот став и нема да го признае Косово. За еден час, најгласните народни националисти во Тирана и Приштина веќе посегнаа по геополитичкиот калкулатор: можеби треба да ја казниме Украина, да престанеме да навиваме за ослободување и да тагуваме за бомбардираните. Најнеодговорните меѓу нив фрлаа камења по нас затоа што не се откажуваме од Украина. Некои дури и навиваа за Русија!, истакна Рама.

Тој нагласи дека е штета да се изгуби од вид едноставната вистина дека слободата не функционира со враќање на пари, па затоа Албанија нема да пресметува кој кому му должи, туку го покажува патот преку својата вера во слободата, демократијата и мирот.

„Украина може да греши – и, да, греши – во врска со Косово, но нејзиното право на слобода останува неоспорно; борбата за тоа право значи борба за Европа, но и за нас самите. Овие вистини можат совршено да коегзистираат во истата реченица. Албанија е доволно зрела да ги прифати и двете и ќе го стори тоа“, додаде Рама.

ПредходнаПожар во магацин во Вараждин, можна причина експозија (ВИДЕО)