дома Бизнис Гренланд не и дозволи нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп

Гренланд не и дозволи нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп

Владата на Гренланд ја принуди американската нафтена компанија „Гренланд Енерџи“, која е поврзана со претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги одложи планираните нафтени истражувања на гренладска територија.

Со ова се доведува во прашања реализацијата на најавата на претставник на Трамп дека експлоатацијата на нафта ќе може да започне уште следната година. „Гренланд Енерџи“ минатиот месец донесе опрема за дупчење на Гренлад, иако нема дозвола за такви активноста, поради што доби „силно предупредување“ од локалните власти.

Сега, една недела пред најавениот страт на дупчењето, владата на Гренланд соопшти дека проектот е запрен.

„Потребниот регулаторен процес не може да заврши и затоа потребните одобренија не може да бидат издадени пред планираниот почеток на дупчењето“, се вели во официјалното владино соопштение.

Владата на Гренланд нагласи дека посакуваната временската рамка е премногу кратка за да се спроведе квалитетна проценка на влијанието од истражувањата врз животната средина и општеството.

Властите сега треба да одлучат дали да одобрат дупчење во заштитено мочуриште, дом на ретки птици и мошусни волови од кои зависи егзистенцијата на локалните ловци.

Владата и компанијата потврдија дека дупчењето, доколку биде одобрено, би можело да започне во текот на зимата 2027 година.

Според извршниот директор на „Гренланд Енерџи“, Роберт Прајс, во регионот Џејмсон Ленд каде се планирани истражувањата има нафта во вредност од трилион долари.

„Гренланд Енерџи“ останува посветена на одговорно спроведување на својата програма за истражување на нафта. Притоа, ќе ги почитуваме регулаторните процеси на Гренланд и целосно ќе соработуваме со тамошните власти. Ќе го искористиме ова време за да ги усовршиме нашите планови и да ги зајакнеме нашите односи со локалните заедници, стратешките партнери и властите“, додаде Прајс.

Според медиумските извештаи, идејата за истражување на Гренланд на Прајс наводно му ја предложил неговиот пријател Трамп.

„Гренланд Енерџи“, која е основана минатата година, објави планови да инвестира 60 милиони долари за финансирање на дупчењето. Компанијата, која има воспоставено бројни врски со администрацијата на Трамп, тврди дека нејзиниот нафтен проект не е поврзан со заканите на САД за анексија на Гренланд,

Акционерите на „Гренланд Енерџи“ се надеваа дека поддршката на Трамп ќе ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на Њујоршката берза, но вчера по објавувањето на одлуката за одложување на истражувањето тие падна за повеќе од една третина.

ПредходнаМВР отвори истрага: Повикани на разговор лица кои ширеле паника за водата во Скопје
СледнаПоранешен адвокат на Трамп сака да ја снабдува БиХ со гас во следните 50 години