Девет авиона и седум хеликоптера се вклучени во гаснењето на пожарот што го зафати туристичкото место Сивири на првиот крак на Халкидики.

Пожарот се уште не е ставен под контрола, но како што јавува грчките медиуми, ситуацијата е далеку подобрена, а напомош пристигнуваат дополнителни пожарникарски сили.

Поради пожарот масовно беа евакуирани жители и туристи по воден пат со приватни и рибарски чамци и со траект што сообраќа од Солун. Според првичните информации, евакуирани се околу 450 лица.




