дома Култура „Охридско лето“ со нова програмска целина: Шест џез концерти од 13 до...

„Охридско лето“ со нова програмска целина: Шест џез концерти од 13 до 16 август

  Шест концерти на реномирани домашни и странски џез музичари ќе се одржат од вечерва до 16 август во рамките на новата програмска целина „Џез вечери“ на фестивалот „Охридско лето“.

„Охридско лето“ со нова програмска целина: Шест џез концерти од 13 до 16 августПрвото издание на „Џез вечерите“ ќе се одржува на сцените во црквата „Света Софија“, нејзиното Предворје и на Долни Сарај, а на програмата се концерти на Крсте Роџевски, „Дине Донеф трио“, Националниот џез оркестар, Питер Сомуа, Нубаја Гарсија и британскиот состав „Kiioto“.

За вечерва се предвидени два концерти, и тоа првиот од 20 часот во црквата „Света Софија“, каде ќе настапи Крсте Роџевски, македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена во Њујорк. Концертот е промоција на неговиот албум „Orthodoxia Kai Thanatos“.

Од 21:30 часот во Предворјето на „Света Софија“ ќе настапи „Дине Донеф триото“,  со Костас Теодору како композитор, контрабасист, мултиинструменталист, едукатор, Харис Ламбракис на неј и оргули и Кирјакос Тапакис на уд.

За утре од 21 часот на Долни Сарај е концертото на Националниот џез оркестар на РС Македонија со концертната програма „Македонски сновиденија“, под диригентската управа на Владимир Николов. Вечерта оркестарот ќе понуди музичко патување инспирирано од македонската традиција и преточено преку јазикот на џезот. Специјален гостин ќе биде западноафриканскиот трубач со потекло од Гана, Питер Сомуа, кој живее и работи во Холандија.

Третата вечер, на 15 август, ќе донесе два концерта на Долни Сарај. Од 20 часот ќе настапи Питер Сомуа со својот бенд, а во 21:30 часот следува концерт на британската саксофонистка и композиторка Нубаја Гарсија.

Програмата „Џез вечери“ ќе заврши на 16 август со концерт на британскиот состав „Kiioto“, предводен од музичарите Лу Роудс и Роан Хит, кои повеќе од три децении се активни на музичката сцена. Концертот на Долни Сарај почнува во 21 часот.

Од „Охридско лето“ информираат дека во вечерите со по два концерта, влезницата купена за конкретниот датум важи за двата музички настани.

ПредходнаВелес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка
СледнаДенеска без струја..