дома Граѓански При градежни активности во Белгија откриено злато во вредност од 9 милиони...

При градежни активности во Белгија откриено злато во вредност од 9 милиони евра

Вработени во градежна фирма за време на реновирањето на зграда во белгискиот град Дендермонде откриле златни шипки и монети, чија вредност е проценува на околу 9 милиони евра.

Златото било пронајдени во сандак сокроен во еден од ѕидови

„Златото се состои од нумерирани златни шипки и стари златни фунти, скриени во сандак во подрумот“, информира претставник на фирмата сопственик на зградата.

Полицијата го презела златото и го преместила на безбедна локација, а Јавното обвинителство на започна истрага за случајот.

„Во овој момент не е познато од каде потекнува тоа злато, ниту пак е познато кому му припаѓа“, изјзави портпаролката на локалното Јавно обвинителство, Хане Олевиер.

Според неа, Обвинителство сака да утврди како златото завршило во подрумот и дали тоа се случило легално или не.

За сега не е јасно кој ќе биде сопственик на златото и дали работниците што го открија ќе добијат награда.

ПредходнаЗападнонилската треска се шири низ Грција и Италија
СледнаММФ ќе и препорачува на владата одење во пензија подоцна и поголеми придонеси