дома Свет Балкан Куќите ни изгореа, нашите домови ги нема. Жителите во плач и солзи...

Куќите ни изгореа, нашите домови ги нема. Жителите во плач и солзи по огнениот пекол на Халкидики

Драматични сцени се одвиваат на Халкидики, каде големиот пожар во областа Сивири предизвика сериозни штети, а според сведоштвата на локалните жители, огнената стихија зафатила и уништила повеќе куќи.

Во разговор за ЕРТ, жител на областа рече со плач: „Нашата куќа изгоре. Сите куќи овде беа уништени. Останавме без домови. Знаете ли колку куќи има овде? Сите ги нема…“.

Жителите со неверување гледаат како пламените јазици се приближуваат до нивните имоти, додека дел од нив веќе останале без своите домови.

Особено потресно е сведоштвото на еден од жителите, кој во очај изјавил дека во пожарот го губи својот дом, но стравува и за своите кучиња.

Евакуирани туристи и жители од Сивири каде беснее шумски пожар

На терен се распоредени силни противпожарни сили. Според последните објавени информации, во еден момент интервенирале 122 пожарникари со 41 возило и три пешадиски екипи, а од воздух дејствувале девет авиони и три хеликоптери.

Во гаснењето има и повредени пожарникари. Двајца биле пренесени во болница, а еден од нив се здобил со скршеница на ногата по пад на тешко пристапен терен.

Телефонски броеви на кои може да се обратат македонски државјани заглавени на Халкидики

 

 

ПредходнаПроменливо време, попладне наместа невреме со силен ветер
СледнаМакарска се евакуира,пожарот стигна до центарот на Омиш