дома Свет САД го задржаа предупредувањето за „второ ниво“ на опасност од тероризам во...

САД го задржаа предупредувањето за „второ ниво“ на опасност од тероризам во Германија

Американскиот Стејт департмент ја задржа важноста на предупредување од „второ ниво“ на опасност од тероризам во Германија, советувајќи ги државјаните на САД на „зголемена вниматлност“ при патување во земјата.

„Терористичките групи и поединци остануваат постојана закана во Германија и Европа. Тие напаѓаат луѓе на јавни места со ножеви, огнено оружје, импровизирани експлозивни направи и возила“, се додава во предупредувањето на Стејт департментот.

Германските медиуми оценуваат дека ваквата одлука ја става Германија во неповолна положба во споредба со соседните земји, што би можело да влијае на плановите на американските туристи кои патуваат во Европа. За разлика од Германија, земји како Швајцарија, Австрија, Португалија и Полска се класифицирани на најниско безбедносно ниво „еден“, за кое не важат посебни предупредувања.

На „второ ниво“, исто како и Германија, е и Шпанија, но Вашингтон издаде построго предупредување од „трето ниво“ за енклавата Сеута, по упадот на мигрантите на крајот на минатиот месец. „Трето ниво“ на опсаност значе дека на патниците им се советува да ги преиспитаат своите планови за заминување во тоа подрачје.

„Масовниот и неконтролиран прилив на мигранти од Мароко во Сеута би можел да создаде непредвидливи и опасни безбедносни околности. Поради сериозноста на ситуацијата, Шпанија распореди припадници на армијата, националната полиција и цивилната гарда. Американските граѓани треба да го преиспитаат патувањето во областа поради ризик по сопствената безбедност“, предупреди Стејт департментот.

На „второ ниво“ на безедност, Вашингтон ги рангираше и Шведска, Франција и Италија, при што како главна причина за тоа ги наведе зголемената закана од тероризам, особено на места каде се собрани голем број луѓе.

ПредходнаЦел Кризен штаб во Гостивар пиеше вода од чаша
СледнаТројца повредени при експлозии на гас во центарот на Брисел, евакурани стотина лица