дома Свет Тројца повредени при експлозии на гас во центарот на Брисел, евакурани стотина...

Тројца повредени при експлозии на гас во центарот на Брисел, евакурани стотина лица

Три лица се повредени попладенево при две експлозии на гас во зграда во центарот на Брисел, во близина на Централната железничка станица.

Белгиските медиуми јавија дека повредените се двајца работници на операторот на гасната мрежа „Сибелга“ и еден пожарникар. Тие се здобиле со изгореници, чија сериозност засега не е позната.

Еден од повредените наводно паднал во шахта и е тешко достапен. Противпожарната служба воспостави безбедносна зона околу зградата.

Неколку часа пред експлозиите, непосредно пред пладне, околу стотина луѓе биле евакуирани од зградата, откако при градежни работи била оштетна гасната мрежа во објектот овод за време на градежните работи.

Меѓутоа, според портпаролка на „Сибелга“, Серена Галеоне двете експлозии не се случиле на местото на оштетената гасна цевка, туку во самата зграда.

Причините за експлозиите засега остануваат непзонати.

ПредходнаСАД го задржаа предупредувањето за „второ ниво“ на опасност од тероризам во Германија
СледнаИсламски проповедник од БиХ приведен во Косово