дома Свет Балкан Исламски проповедник од БиХ приведен во Косово

Исламски проповедник од БиХ приведен во Косово

Косовската полиција во местото Витомирци во близина на Пеќ го приведе исламскиот проповедник од Босна и Херцеговина, Елведин Пезиќ, јавија локалните медиуми.

Полицијата не издаде посебно соопштение за случајот, ниту пак е позната официјалната причина за приведувањето на Пезиќ.

Организаторот на престојот на Пезиќ во Косово, Реџо Којиќ од невладината организација „Млади волонтери“, за Радио Слободна Европа изјавил дека проповедникот бил однесен на информативен разговор, а потоа префрлен во полициска станица во Приштина. Според истиот извор, се очекува Пезиќ да биде протеран од Косово во текот на денов.

Според Којиќ, Пезиќ редовно доаѓал во Косово, корисетејќи документи издадени од Босна и Херцеговина.

Советот на косовската Исламска верска заедница информира дека не е запознат со доаѓањето на Пезиќ, како ни со неговите активности во Косово.

Од Заедницата велат дека Пезиќ не побарал нивна дозвола или согласност за одржување на каков било настанот и дека тие не обезбедиле никаква материјална или логистичка поддршка за неговата посета.

Сепак, од Заедницата потврдуваат дека косовската полиција контактирала со нив во врска со случајот.

ПредходнаТројца повредени при експлозии на гас во центарот на Брисел, евакурани стотина лица
СледнаПретрес во кабинетот на министерот за здравство на Федерацијата БиХ во рамки на истрага за клиника за вештачко оплодување