дома Свет Лавров: Веруваме дека САД се вклучени во украинските напади врз Русија

Лавров: Веруваме дека САД се вклучени во украинските напади врз Русија

Русија верува дека САД се серизоно вклучени во украинските напади врз руска територија и ваквата своја загриженост ја пренела до Вашингтон, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според Лавров, Русија смета дека американската вклученост е преку доставување на разузнавачки информации на Украина.

„На Стејт департментот му поставивме голем број прашања, вклучувајќи го и прашањето за разузнавањето и фактот дека САД се сериозно вклучени во подготовката и извршувањето напади врз цивилни цели длабоко на руска територија. Чекаме одговор“, изјави Лавров за руската државна телевизија.

Во однос на мировните преговори меѓу Русија и Украина, кои се застој од февруари кога САД се насочија кон војна со Иран, Лавров рече дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да ги прими американските претставници доколку повторно дојдат во мировна мисија во Русија.

„Прашањето е што ќе донесат со себе“, истакна Лавров.

Тој нагласи и дека Москва ќе ги интензивира напорите за уништување на пратките со оружје од Западот за Украина.

„Нашите методи ќе бидат многу посилни за да се запре сè што ја зајакнува воената машинерија на Киев од Запад. Ние сме подготвени да го сториме тоа, додаде Лавров.

ПредходнаЗахарова: Русија не сака примирје со Украина во Црното Море врз основа на половични решенија
СледнаЦел Кризен штаб во Гостивар пиеше вода од чаша