дома Бизнис Трамп воведе царини за увоз на дронови до 100 отсто

Трамп воведе царини за увоз на дронови до 100 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп објави воведување тарифи за увоз на одредени дронови и делови за дронови во САД во висина дури до 100 отсто.

Трамп ја оправдува оваа одлука повикувајќи се на потребата од заштита на националната безбедност на САД, бидејќи дроновите можат да се користат и за цивилни и за воени цели.

Мерката има за цел да го стимулира производството на американски дронови и да ја намали зависноста од странски добавувачи. Во моментов американските компании за производство на дронови заостанаат далеку зад доминантната кинеска индустрија.

Кинеската компанија ДЈИ, основана во 2006 година, контролира повеќе од две третини од глобалниот пазар на дронови. Нивните производи се многу популарни низ целиот свет, дури и во војната меѓу Украина и Русија, која ја покажа клучната важност на дроновите.

Царина од 100 проценти ќе се применува за дронови со тежина при полетување поголема од 25 килограми, оние опремени со термички камери за снимање, за станици за приклучување на беспилотни летала, како и за одредени делови за нив. За помали дронови планирана е царинска стапка од 25 проценти.

Оттаму, се оценува дека оваа мерка првенствено е насочена кон индустриски и комерцијални дронови, а помалку кон дронови за широка употреба.

ПредходнаШто остана да се одработи од бескрајната листа на обврски на Зохран Мамдани во Њујорк?
СледнаГруби седнува на обвинителна клупа но не за проневера туку за злоупотреба во службата