„Откако ќе го победиме Иран, кој претрпе тежок пораз, многу брзо ќе го прогласам Ормутскиот теснец за територија на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп за време на митингот одржан во Полициската академија на округот Насау во Гарден Сити, Лонг Ајленд.
За време на истиот говор, тој повторно тврдеше дека Иран „претрпел тежок пораз“.
Трамп веќе тврдеше дека САД имаат „тотална контрола“
Изјавата доаѓа два дена откако Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушнал“ тврдеше дека САД имаат „тотална контрола“ врз Ормутскиот теснец.
„САД имаат целосна контрола врз Ормутскиот теснец. МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ГО ЗАДРЖИМЕ! Нашата поморска блокада се нарекува „ЧЕЛИЧЕН ЅИД“ и Иран не може ништо да стори во врска со тоа“, напиша тој.
Сообраќајот низ теснецот е речиси целосно запрен во последните денови.




