
Британски колекционер Џејмс Кренфилд на аукција го купи „светиот грал на препарирани животни“. Имано, она што на прв поглед изгледало како лошо препарирана глава од лисица, всушност се покажало дека е глава тасмански тигар, кој спаѓа во групата на изумрен животински видови.
Самата аукција мина достав возбудливо, имајќи предвид дека препарираната глава, чија почетна цена беше проценета на 50 фунти (58,50 евра), на крајот беше продадена за 50.000 фунти (58.500 евра).
Аукционерот Ендру Стоу изјави дека претходниот сопственик го купил предметот за „речиси без пари“ од една антикварница. „Го купил затоа што мислел дека очите се доста смешни“, изјави Стоу.
Новиот сопственик Кренфилд изјави дека брзо сфатил оти не станува збор за лошо препарирана глава од лисица. „Од забите, можев да заклучам дека станува збор за тасмански тигар“, рече Кренфилд.
Но, истото го забележал и уште еден понудувач, па аукцијата прерасна во жестока војна на наддавања, по што се дојде до баснословната сума од 50.000 фунти.
„Ова е зачудувачка сума, но тоа е „светиот грал на препарираните животни. Некои луѓе велат дека сум купил нешто бесценето, вели Кренфилд.
Инаку, тасманскиот тигар официјално изумрел во 1936 година, кога последниот познат примерок угинал во зоолошка градина. Видот бил месојаден торбар кој живеел во Австралија. И покрај своето име, животното не било вистински тигар, туку иметот му го должело на темните ленти на грбот. Во однос на структурата на телото, тасманискиот тигар повеќе личел на куче или волк.




