Европската унија (ЕУ) испрати опрема за справување со рекордниот шумски пожар во источна Белгија, што предизвика евакуација на жителите во областа , објави Ројтерс.

Пожарот во најголемиот природен резерват во Белгија беснее од петокот, а локалните пожарникари, земјоделци и армијата се обидуваат да го локализираат.
До раните попладневни часови во саботата, уништи 1.600 хектари , изјави за Ројтерс портпарол на регионалната администрација на Валонија во Белгија.
Ова го прави пожарот најголем досега регистриран во Белгија, надминувајќи го пожарот од 2011 година кој изгоре речиси 1.400 хектари, според податоците од Европскиот информативен систем за шумски пожари.
ЕУ го координира распоредувањето на дополнителни ресурси здружени од европските земји кога некоја земја бара итна помош. Авионите испратени во Белгија во саботата се од Чешка, Шведска и Холандија, изјави комесарот на ЕУ за кризи, Хаџа Лахбиб, во X.




