Патнички автобус се преврте на автопатот М3 во Унгарија, кој се движеше кон Њиреѓхаза, рано утрово, а според официјалните податоци, неколку лица ги загубија животите.

Спасувачите кои беа на местото на настанот влегоа во возилото низ прозорците и континуирано спасуваат патници, објавува порталот Index.hu.
Според полициските податоци, во туристичкиот автобус имало педесет и седум патници и двајца возачи.
Портпаролот на полицијата изјави дека делот од автопатот каде што се случила несреќата е затворен за истрага, а сообраќајот се пренасочува во близина на Мезокерестеш.
Одделот за управување со вонредни состојби рано утрово објави дека пожарникарите досега спасиле триесет и пет лица од автобусот, но неколку патници останале заробени под возилото.




