дома Македонија Црна хроника Две лица уапсени поради предизвикување пожари во Битола и Прилеп

Две лица уапсени поради предизвикување пожари во Битола и Прилеп

Полицијата во Битола и Прилеп лиши од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор, информира Министерството за внатрешни работи.

На 14 август во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на улицата „Јорго Костовски“, на местото викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода 39-годишниот Е.К. од Битола. Тој бил затекнат додека предизвикувал пожар на отворен простор.

Ден претходно, на 13 август во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на местото викано „Падарица“ во Прилеп го лишиле од слобода И.Ч. од Прилеп. И тој бил затекнат при предизвикување пожар на отворен простор, а при него била пронајдена и запалка.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПредходнаЛишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
СледнаВИДЕО Голем украински напад во близина на Москва. Гори огромниот логистички центар на Вајлдберис