дома Гастронаутика Патуваме Нова туристичка атракција во Полска: 55-метарска статуа на Богородица во село со...

Нова туристичка атракција во Полска: 55-метарска статуа на Богородица во село со едвај 150 жители (ВИДЕО)

Во мало полско село Конотопие, кое има едвај 150 жители, е откриена гигантска статуа на Богородица. Статуата е висока 55,6 метри и поголема од познатата статуа на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро.

На свеченоста на откривањето на статуата од хеликоптери беа фрлани црвени рози врз толпата, свештеници во бели одежди служеа миса, а популарниот фолклорен ансамбл „Мазовше“ изведуваше традиционална полска музика.

Изградбата на статуата е финансирана од локалниот милионер Роман Каркосик и неговата сопруга Гражина, кои живеат на неколку километри од селото Конотопие.

Роман Каркосик го стекнал своето богатство во 90-тите  години на минатиот век преку инвестиции на Варшавската берза и денес е еден од најбогатите луѓе во Полска.

Според Гражина Каркосик, статуата е израз на нивната благодарност кон Бога.

„Статуата е наменета за сите луѓе. Секој од нас што ќе дојде да ја види ќе размислува подлабоко за својот живот, не само за Бога“, изјави таа.

Засега не познато колку платиле Каркосикови за изградбата на статуата на Богородица.

Инаку, иако е на помалку спектакуларна локација, Богородица од Конотопие со своите 55,6 метри е повисока од познатата статуа на Исус на планината Корковадо над Рио де Жанеиро, која е висока „само 38 метри“.

Богородица од Конотопие, ја надмина и огромната статуа на Исус во полскиот град Швјебоџин, откриена во 2010 година, која е висока околу 52 метри, со што го презеде приматот на најголема статуа од ваков вид во Европа.

Сепак, во светски рамки таа е на вицешампионското место зад статуата на Богородица на Филипините, која е висока околу 98 метри.

ПредходнаМислел дека купува глава од лисица, а всушност купил остаток од изумрен вид
Следна„Спектакуларното видео“ од падот на ракетата на SpaceX на Месечината било анимација