Пет лица беа застрелани пред студентските домови на Државниот универзитет во Вирџинија во САД. Еден од ранетите е во критична состојба, објавија Ројтерс и ABC News, повикувајќи се на соопштение од полицијата во Честерфилд.

Нема уапсени во врска со пукањето.
Кампусот накратко беше блокиран од полицијата.
Полицијата соопшти дека полициското присуство останува зголемено додека истрагата продолжува .
Државниот универзитет во Вирџинија е историски афроамерикански јавен универзитет кој се наоѓа околу 39 км јужно од главниот град на државата, Ричмонд.




