Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави на социјалните мрежи видео од него како оди во самопослужна автоперална, каде што се обидел сам да го измие својот автомобил, но не отишло сè по план.

Најавена изборна кампања
За време на возењето, тој зборуваше и за инфраструктурните проекти во Србија и рече дека треба да се направи уште многу работа, особено на патиштата и во помагањето на жителите кои не живеат во урбани центри.
Во последните недели, Вучиќ веќе ја најави својата изборна кампања и рече дека ќе стави поголем акцент на директниот контакт со граѓаните.




