дома Локално Сончево и топло до 38 степени

Сончево и топло до 38 степени

 Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а максималната да достигне до 38 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник, кога ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПредходнаТајната на подводната шума во езерото Кеинди која одбива да скапува повеќе од еден век