Попладнево изби пожар во прилепското село Чаниште кое е оддалечено околу 35 километри од Прилеп. Дирекцијата за заштита и спасување информира дека зафатени се неколку стари напуштени кучи, но дека нема повредени жители и пожарникари.

– Околу 13 и 30 часот прилепсите пожарникари добиле повик дека настанл пожар во близина на селото Чаниште оддалечено околу 35 километри од Прилеп. Пожарот навлегол од различни правци што значи дека најверојатно е подметнат, изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Во гаснењето се вклучени и доброволнци, а дополнително ќе се утврдува како ќе се гасне бидејќи се шири во три правци.




