дома Македонија Политика Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

  Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале директна пречка за евакуација.

Вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска, зборуваа за аспекти од вештачењето поврзани со урбанизмот и градежните аспекти.

Прашани дали Општината можела да реагира и на кој начин, кога веќе се вршела угостителска дејност дискотека во овој објект, вештакот рече дека Законот за градење покрај другото го уредува и начинот на употреба на објектите, а станува збор за објект од втора категорија, односно од локално значење и одобренија ги издава општината, значи дека Општината е повикана да постапува по надлежноста, а тоа е да контролира дали објектот се употребува согласно даденото одобрение за градење и употреба.

Со изведувањето на градежното вештачење,  изработено од тим од Градежниот факултет при УКИМ, како што е најавено, треба да заврши изведувањето на докази од Обвинителството.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

 

ПредходнаСончево и топло до 38 степени
СледнаАрмијата одбележува 34 години од формирањето