
Вашингтон преку тајни канали е во контакт со членови на Иранската револуционерна гарда, изјави денеска американскиот претседател Донал Трамп, но притоа не соопшти детали за тоа кој точно е вклучен во тие разговори или за што се преговара.
Трамп во интервју за ФОКС Њуз нагласи дека и покрај преговорите тој не брза за постигнување мировен договор со Иран.
„Немам распоред. Не брзам“, рече Трамп, додавајќи дека негова примарна цел е да го спречи Иран да поседува нуклеарно оружје.
Набрзо по интервјуто на Трамп се огласи Иранската револуционерна гарда која негираше дека води тајни разговори со САД.
Ваквите тврдења на Трамо, Гардата ги оквалификува како „фантазии што произлегуваат од заблуди и кошмари за пораз и очај во војната“. Според Револуционерната гарда, Трамп со своите изјави првенствено сака „привремено да ја контролира цената на нафтата и енергијата“.
Вашингтон и Техеран во моментов преговараат со посредство на Оман и Пакистан, но преговорите се во застој. Претходно договорениот 60-дневен период за преговори истекува денес.
Трамп во интревјуто упати и остри зборови на сметка на Оман, најавувајќи дека САД ќе преземат воена акција против земјата ако таа им „се испречи на патот“.
„Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го бомбардираме“, изјави Трамп во интревјутот за Фокс Њуз.
Оман во моментов преговара со Иран за договор за деблокада на стратешки важниот Ормуцки Теснец.




