
Активни пожари има во Општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод кај месноста Видуш и селата Драгов Дол, Локвица и Девич, во општините Велес и Зелениково кај селата С’лп, Горно село, Карабуниште, Бузалково, Добрино и Тисовица, во општините Јегуновце и Сарај кај селата Копанце, Туденце и Бојане, во општина Прилеп кај селото Чаниште и во општина Долнени кај селата Вранче и Бело Поле.
Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево.




