дома Свет Балкан Српските медиуми Нова, Радар, Н1 и Форбс ја осудуваат смената на сите...

Српските медиуми Нова, Радар, Н1 и Форбс ја осудуваат смената на сите директори: „Нема да прифатиме новинарството да биде ничиј плен“

Синдикатите на српските медиуми Нова.рс., Радар, Н1 и Форбс го осудуваат начинот на кој „Алпак капитал“ ги презема медиумите во Србија кои работат во рамките на групацијата „Адриа њуз нетворк“ која сè уште е дел од групацијата Јунитед. Денеска, сопственикот на таа португалска компанија, Педро Варгас Сантос Давид, на негово барање, е регистриран во Агенцијата за трговски регистри како директор на сите медиуми од групацијата – Нова.рс., Радар, Н1 и Форбс и Данас, пишува Нова.рс.

„Ова е направено во средината на летните одмори, без никакво известување до вработените, што предизвика уште поголема загриженост. Особено загрижува фактот што Педро Варгас е наведен како нов директор, додека компанијата United Fiber Sarl, која работи или работела во рамките на UG, сè уште се управува како сопственик. Од ова може да се заклучи дека португалската компанија брза што поскоро да ги преземеНова.рс., Радар, Н1 и Данас, без претходно да ги добие сите потребни дозволи и согласности од надлежните институции, па со поддршка на партнерите на BC, ко-сопственици на UG, почна да ги заменува првите луѓе во редакцијата“, се наведува во соопштението од синдикатот.

Новинарите на овие медиуми се сомневаат дека работите нема да застанат тука и дека ќе продолжат со промени на уредниците, со намера да ги усогласат преостанатите независни и професионални медиуми со желбите на, како што наведуваат, сегашниот режим.

„Ставот на редакцијата, сепак, е јасен – промените на раководните позиции и во сопственичката структура нема да влијаат на уредувачката политика, нашиот професионален став кон новинарската работа и интегритетот. Се додека нашите редакции работат во овој состав“, се порачува преку соопштението.

Оттаму бараат од новиот директор итна средба со претставници на репрезентативните синдикати и писмени гаранции дека уредувачката политика и позициите на уредниците и новинарите нема да бидат засегнати.

ПредходнаГрчки танкер нападнат во Црното Море откако товарел руска нафта
СледнаАрмијата го слави 34 роденден, централната прослава во Охрид