дома Локално Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

  Водата на скопската територија е безбедна за пиење, покажал неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењ -, соопшти утрово Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Водата во Скопје безбедна за пиењеИзвештајот е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој од 10 до 14 август зел 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во градот Скопје.

– Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – пишува во соопштението на јавното претпријатие.

ПредходнаРечиси целата држава во зона со висок ризик од пожари
СледнаПријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места