
Фотографија: Молдавска полицијаОбјектот влегол во молдавскиот воздушен простор вчера во 17:37 часот по локално време, а набргу потоа експлодирал во близина на населбата Талмаза, која се наоѓа во близина на границата со Украина. Молдавските власти изјавија дека во експлозијата нема жртви ниту материјална штета.
„Овој инцидент претставува ново сериозно кршење на суверенитетот на Република Молдавија и директна закана за безбедноста на нашите граѓани. Ваквите инциденти се неприфатливи“, соопшти Министерството за надворешни работи.
Молдавија се граничи со Украина и ја поддржува уште од самиот почеток на руската агресија. Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, Молдавија се соочи со голем број слични инциденти, за време на кои беспилотни летала летаа над нејзината територија по должината на границата со Украина.




