дома Свет Кремљ му се заканува на Лондон со дипломатска војна

Кремљ му се заканува на Лондон со дипломатска војна

Кремљ ѝ се закани на Обединетото Кралство со дипломатска војна . Заканата доаѓа по извештаите дека британски беспилотни летала биле употребени за прв пат за напади врз цели на руска територија, пренесува ДПА.

Руската амбасада во Велика Британија објави дека овие извештаи потврдуваат дека Лондон намерно се обложува на ескалација на кризата во Украина .

„Дејствата на Лондон неизбежно ќе имаат последици за кои британската влада ќе мора да одговара“, додаде амбасадата.

„ Велика Британија стои рамо до рамо со Киев и ние сме решени да ја обезбедиме опремата што ѝ е потребна на Украина за да се одбрани од нелегалната инвазија на Путин“, одговори британското Министерство за одбрана.

Стратегијата на Украина за напади со беспилотни летала длабоко во задниот дел на Русија има за цел да ги намали воените приходи на Москва и да ги натера руските граѓани да ги почувствуваат последиците од агресијата.

 За таа цел, Украина користела дронови произведени од две британски компании, објави „Сандеј тајмс“ пред неколку дена.
ПредходнаГрција планира предвреме да врати долг од 13 милијарди евра
СледнаЕрдоган му понуди на Трамп помош во врска со Иран