дома Локално Преодна промена на времето, од четврток повторно многу топло

Преодна промена на времето, од четврток повторно многу топло

Преодна дестабилизација на времето се очекува денес во попладневните часови за кога се најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени, а максималната од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност претпладне, а попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност, а веќе од четврток повторно следува период на многу топло време. За време на викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени.

ПредходнаТоплотниот бран и сушата го уништија европското земјоделство
СледнаДел од Маџир Маало и Центар без вода