дома Локално Посебен сообраќен режим во недела во општина Аеродром

Посебен сообраќен режим во недела во општина Аеродром

Поради дуатлон трка во недела од 09 до 13:30 часот во дел од општина Аеродром ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

– Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со ул.„Васко Карангелевски“ до крстосница со бул.„Србија“ и на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„АСНОМ“ до крстосница со пристапна сообраќајница кај „Мајчин дом“ во Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

 

ПредходнаПолитички незрел потег, вели владината портпаролка за ултиматумот од СДСМ
СледнаНепријатна случка во ЗОО – средношколци фрлале со камења по слоницата