дома Култура И годинава нема добитник на наградата Горан Стефановски

И годинава нема добитник на наградата Горан Стефановски

И годинава не се доделува наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од македонски автор до 30 години.  Жири комисијата денеска соопшти дека пристигнатите дела не ги исполниле условите.
На конкурсот пристигнале три драмски текста од тројца автори но делата немале целосно изградена и развиена драмска структура.
– Делата немаат целосно изградена и развиена драмска структура. Карактерите се еднодимензионални и повеќе во функција на дејството отколку што го градат него. Дијалозите се оценети како непотребно реторични, информативни или банални. Иако материјалите имаат потенцијал, тие се на ниво на драмски скици и почетоци на кои им е потребна дополнителна работа за да прераснат во квалитетен драмски текст“, се вели во одлуката на Комисијата.
Комисијата смета дека единствен критериум за додлеување на наградата треба да биде квалитетот, но поради малиот број доставени драмски текстови и недоделувањето на наградата втора година по ред, доставени се три предлози за измени во Правилникот за додлеување на наградата – да се зголеми возрасната граница, да се отстрани ограничувањето на возраста и да се размисли наградата да се дава за развој на драмски текст и негова сценска реализација.

ПредходнаПолицијата на лице место без согласност од жртвата ќе може да го отстрани сторителот на семејно насилство – најавени законски измени
СледнаРеконструкцијата на Универзална сала треба да заврши до крајот на 2027