дома Култура Реконструкцијата на Универзална сала треба да заврши до крајот на 2027

Реконструкцијата на Универзална сала треба да заврши до крајот на 2027

Универзална сала, еден од симболите на Скопје, повторно почна да се реконструира. Треба да биде готова до следната година, а реконструкцијата ќе чини околу 20 милиони евра.
Надлежните уверуваат дека ќе биде задржан автентичниот изглед и дека таа ќе биде готова со цел да биде дел од Скопје – европска престолнина на културата во 2028 година.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков тврди дека се надминати правните и административни пречки од минатото.
Инвеститор е Министерството за култура, а реконструкцијата нема да се одвива во фази како во минатото, туку по принципот клуч на рака.
– Завршувањето на реконструкцијата е планирано до декември 2027 година, и конечно, скопјани повторно ќе имаат еден спомен што го имале во минатото, за животот на културата во Скопје, изјави т Љутков кој денеска беше на лице место заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
                     Љутков тврди дека по пожарот во 2024 година направени се неколку испитувања на конструкцијата од страна на Михаил Гаревски и дека нема никаква опасност врз челичната конструкција на објектот.
– Според експертизата останува истата челична конструкција, бидејќи по пожарот не е оштетена, но има дополнителни мали измени на две-три позиции, рече Љутков.
При реконструкцијата ќе бидат задржани ликот и структурата на објектот, а мали измени ќе има на влезот, во делот на сценската технологија и хидраулика и звучната изолација.

ПредходнаИ годинава нема добитник на наградата Горан Стефановски
СледнаСудењето за 27 април за Мицкоски е политички мотивирано