Обвинителството денеска пред Апелацискиот суд ги презентира аргументите против одлуката на Кривичниот суд да го ослободи од кривично гонење таткото на Вања Ѓорчевска поради недостиг на докази.
Вишиот јавен обвинител Дарко Јакимовски рече дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски има клучна улога од првото до второто дело. Ѓорчевски, како што тврди обвинителот, во моментот кога е донесена одлуката за грабнувањето на Вања, им испратил порака на ќерките да се облечат убаво за на училиште како да ќе одат на планина.
– Во моментот кога се во партијата, тогаш таткото им праќа порака на децата да се облечат небаре ќе одат на планина, рече Јакимовски.
Тој посочи дека симптоматично било и однесувањето на Александар дента по исчезнувањето на Вања.
– Тој повторувал – „Детето е грабнато и убиено“, по што се упатува па накај Качанички пат, по патеката на која што е однесена Вања во гепек. Па спомнува – „Да не е постар човек грабнувачот“, посочи обвинителот Јакимовски.
Кривичниот суд ги осуди на доживотен затвор Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, а таткото на Вања беше ослободен поради недостиг на докази.
дома Македонија Општество Таткото на Вања има вина, Обвинителството презентира аргументи пред Апелација




