дома Свет Франција погодена од најраниот топлотен бран по повеќе од еден век

Франција погодена од најраниот топлотен бран по повеќе од еден век

  Деновиве беа соборени повеќе од 300 температурни рекорди за месец мај во Франција, а највисока температура е забележана вчера во Сор-Осегор, каде што се измерени 36,9 степени Целзиусови, што е изедначување на рекордот од 1996 година, јавува BFM TV.

Меѓу најизразените случаи е Роморантен во департманот Лоара и Шер, каде што се измерени 33,8 степени, што претставува највисока мајска температура во последните 105 години мерења.

Во Кап де ла Ју е забележан рекорд од 32,4 степени во 135-годишната историја на мерења, додека во неколку градови на југозапад и запад од Франција температурите надминаа 35 степени.

ПредходнаПровинцијата сака да се отцепи од Канада. „Луѓето често не знаат за што гласаат“
СледнаЦртеж на Рубенс изложен во неговиот роден град Антверпен