дома Македонија Економија До 1 јуни проверка на годишните даночни пријави за остварени приходи во...

До 1 јуни проверка на годишните даночни пријави за остварени приходи во 2025

До 1 јуни граѓаните треба да ги проверат годишните даночни пријави за остварени приходи во 2025 година. По овој рок, сите непотврдени даночни пријави ќе се сметаат за конечни.

– Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година. Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат, односно коригираат доколку има потреба, појануваат од Управата за јавни приходи.

УЈП информира дека генерирани се вкупно 862.896 даночни пријави, што е за 21.225 повеќе во споредба со минатата година, кога беа генерирани 841.671 пријава. Досега, од страна на даночните обврзници се потврдени 27.788 годишни даночни пријави.

ПредходнаШпанскиот тенор Хозе Карерас доаѓа во Скопје за јубилејот 35 години независност
СледнаМВР:Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со претходно помината задолжителна четиричасовна теоретска обука