дома Македонија Мицкоски за можноста за предвремени избори: Ние сме подготвени ако опозицијата го...

Мицкоски за можноста за предвремени избори: Ние сме подготвени ако опозицијата го бара тоа

Премиерот денеска повторно ја отвори темата за предвремените парламентарни избори порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори доколку опозицијата го бара тоа.

– Ние сме кажале дека наша опција која ја преферираме како влада е редовни избори во 2028 година, но сме подготвени секогаш како политичка партија, доколку тоа опозицијата го бара, да излеземе на терен и повторно да победиме, рече Мицкоски.

За владината реконструкција најави дека следната недела почнуваат разговорите со коалициските партнери.

 

Предходна24 беспилотни летала влегоа во кувајтскиот воздушен простор во последните 48 часа
СледнаСе појавија стари пораки од сопственикот на швајцарскиот бар на смртта. Тие бараат построги обвиненија