Претседателот на Владата, трет пат во рок од еден месец, одново најави предвремено гласање на кое граѓаните ќе избираат меѓу два концепта – едниот со бескомпромисен став за националните интереси и вториот на „свиткана кичма“. Завршувањето на внатрепартиските промени во владејачката партија, реконструкцијата на министрите, високиот рејтинг, намерата да финишираат измените во изборното законодавство… го сложуваат мозаикот за теренот за одлуката напролет в година граѓаните да тргнат кон гласачките места
Предвремените парламентарни избори ќе се случат набрзо. Ова веќе се гледа од престројувањето на власта, колиционерите , а секакo и најнова, но и најдиректна најава на македонскиот премиер Христијан Мицкоски
Тоа може да биде најверојатно, на пролет следната година, , а доколку сосотојбите станат „неподносливи за власта и порано , но едно е сигурно декќе има ново изјаснување на граѓаните.
По неколкуте изјави дека ќе има гласање пред истекот на мандатот на актуелната Влада, тој за време на престојот во скопската општина Кисела Вода, беше речиси недвосмислен во ставот дека избори ќе има пред истекот на четиригодишниот мандат во 2028 година.
– За брзо време, веќе сме во втората половина на нашиот мандат, ќе имаме парламентарни избори, па граѓаните нека одлучат. Дали овие, кои капитулираа, ја ограбија, ја осиромашија и ја уништија Македонија треба да добијат и еден пратеник, или ние, кои нудиме сосема еден нов концепт кој се темели на многу работа, но истовремено бескомпромисна битка и со став за националните интереси. Тоа е она што ќе го добиете од оваа опција. Од другата опција ќе добиете „свиткана кичма“, меко ткиво, криминал, корупција, грабеж, понижување. Тоа е изборот на следните парламентарни избори и граѓаните ќе треба да одлучат – рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој пред еден месец, исто така, најави дека „набрзо ќе има избори“. Неделава, пак, на неодамнешниот брифинг одново ја заживеа идејата за можно гласање в година, со изјавата дека „не ја исклучува можноста за предвремени избори да се случат 2027 година“. Сега, одново се дава најавата надополнета со ставот дека Владата преферира редовни избори во 2028 година.
– Подготвени сме секогаш доколку опозицијата бара да излеземе на терен и повторно да победиме – рече Мицкоски.
Е сега остануваат ветувањата за една изборна единица, што секако нема да се случи, и секаkо дилемата , на кој начин ќе се турка носењето на промените во Изборниот законик во Собранието. Од партиските ставови произлегува дека консензусот, кој претходно беше договорен, нема да може да биде постигнат. Но, доколку владиното мнозинство се реши Законикот да биде донесен, со оглед на обврските тој да се донесе во јуни, тогаш ќе стане јасно дека предвремените избори се тука многу блиску. Во прилог на тоа оди и рејтингот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кај граѓаните кој, како што беше кажано на неодамнешниот брифинг, изнесува 25,5 проценти наспроти 8,6 отсто на опозициската СДСМ, ама дали е така , тоа секако ќе се види по изборниот ден.





