дома Македонија Триесет и едногодишен скопјанец физички нападнал двегодишно дете

Триесет и едногодишен скопјанец физички нападнал двегодишно дете

Министерството за внатрешни работи денеска во дневниот билтен информира за случај во кој 31-годишен скопјанец физички нападнал двегодишно дете. Осомничениот М.А. вчера во 19:15 часот е приведен.

– На 13.06.2026 во 19:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.А.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава затоа што околу 19:00 часот во двор од семејна куќа физички нападнал двегодишно дете, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПредходнаСкопјанец возел со 244 километри на час, возилото одземено
СледнаТешка поморска несреќа кај Сплит: Се судрија едрилица и катамаран, тројца загинаа, потрагата по исчезнато лице продолжува/ВИДЕО