Сончево и топло ќе биде денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната од 27 до 34 степени.

Во Скопје, слично време со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната до 34 степени.
Синоптичарите најавуваат топло време во текот на цела недела со исклучок на вторник и среда кога се најавува преодна дестабилизација. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток повторно ќе биде топло.




