Голем пожар избувна утрово во трговскиот центар Енјуб во Нов Белград, објави РТС.
Голем број противпожарни екипи се на местото на настанот, а засега нема информации за повредени.
Пожарот избувнал кратко по 6 часот наутро, а пожарникарите се обидуваат да спречат ширење на пожарот на други згради.
Густ црн чад е видлив од неколку делови од градот.




